top of page

ДИРЕКТОР

Директор

Маргарита Блажевска - Помошник директор (1).jpg

Маргарита Блажевска

Збор на директорот

Почитувани наставници, ученици, родители и соработници,

Добре дојдовте во ООУ „Гоце Делчев“ – Илинден.

 

Нашето училиште претставува дом на знаења и секако место каде што секој ученик ја започнува својата патека кон успехот и личниот развој. Верувам дека сплотеноста и заедништвото се темел на секоја здрава и успешна заедница. Затоа, во нашето училиште, негуваме средина во која учењето не е само обврска, туку радост и предизвик. Секој ден е нова можност за напредок, за градење на знаења и вредности кои ќе бидат темел на иднината на нашите ученици. Успехот на едно училиште е резултат на соработката помеѓу сите чинители во образовниот процес – учениците, наставниците, родителите и локалната заедница. Само преку заеднички труд и меѓусебна поддршка можеме да изградиме училиште со кое ќе се гордееме сите. Нашата визија е училиште на успехот и човековите вредности, училиште кое расте и се развива заедно со своите ученици, наставници и родители. Ве поканувам да бидете активен дел од овој процес. Со заедничка енергија и верба во нашите потенцијали, можеме да создадеме средина каде што секој ученик ќе има шанса да блесне.

 

Со почит,

в.д. Директор на ООУ „Гоце Делчев“ – Илинден Маргарита Блажевска

ЗАЕДНО ГРАДИМЕ СВЕТЛА ИДНИНА!

logo.jpg

Навигација

Контакт

ул.9 бр.179. Општина Илинден, РСМ

+389022573347

  • Facebook

МОН

271753624_300433362130933_2251738113067694647_n.jpg

© 2025. Design by Creatista.mk

526cb778-37e5-41c6-a7a6-58f9fcc420bd1.jpg

еТвининг

“еTwinning училиште - 2025/26 година“

Нашето училиште со особена гордост објавува дека е дел од само 25 еTwinning училишта за 2025/26 година. Ова признание е потврда за нашата континуирана посветеност на квалитетна настава, современи пристапи и европски вредности во образованието. Голема благодарност им упатуваме на наставниците кои несебично вложија труд и креативност, како и на сите оние ученици кои оставија силен печат во развојот на оваа иницијатива и секогаш ќе останат важен дел од eTwinning приказната на нашето училиште.

Овој успех е само почеток – ветуваме дека заедно ќе продолжиме да растеме, учиме и градиме мостови со европски пријатели. Тоа е мотив да збогатуваме наставен процес и отвораме повеќе можности за нашите ученици. Врз ова темелиме нови успеси и гордо ќе ја претставуваме нашата заедница.

bottom of page