top of page

ЗА НАС

Историјат

Воспитувањето и образованието инспирираат вредности. Професијата наставник е благородна професија која доколку се работи со задоволство дава совршеност во делото. Ваквата мисла претставува водилка за наставнииот кадар уште од самиот почеток на егзистирањето на ООУ „Гоце Делчев“.

Самиот почеток датира уште од далечната 1945 година кога наставата се одвивала во две комбинирани паралелки, а први учители биле Марија и Михаил Мељникови. Првата училишна зграда се наоѓала на местото на денешната амбуланта, а училиштето било именувано по најголемиот великан во македонската историја – Гоце Делчев. Неговото име е симбол на борбата за слобода, симбол за хуманизмот и космополитизмот, водач за обединување на светот и на нациите.

Како што минувале годините, така се зголемувал бројот на ученици но и на самиот наставен кадар. Забот на времето и условите во кои се одвивала наставата во 1957/1958 година си го направиле своето т.е. старото училиште било срушено и наставата се одвивала во објект на земјоделското стопанство „Први мај“. Наредната “преселба“ на училиштето се случила по земјотресот во 1963 година. Токму со изградбата на новата училишна зграда започнува и подемот на нашето училиште кое како Феникс се издигнало од пепелта.

Во учебната 1964/1965 година наставата започнала во новата училишна зграда со 396 ученици од прво да седмо одделение и со 20 вработени. Истата година училиштето е прогласено за централно со подрачните училишта во с. Бунарџик и с. Кадино. Една година подоцна прераснало во осумгодишно училиште.

Во наредните две децении исполнети со плодна и успешна работа, нашето училиште значително како бројно и кадровско, така и просторно се проширило. Но, со самото зголемување на бројот на ученици повторно се појавил проблемот со недостаток на простор. Истиот тој проблем бил решен и веќе во 1972/1973 година настава посетувале 1058 ученика, распоредени во 32 паралелки, а наставата ја изведувале вкупно 38 наставници. На 9 мај во 1972 година, по повод 100 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во училиштето е откриена негова спомен-биста.

Во учебната 2022/2023 година започна со работа и нова училишна зграда во н.Илинден и воведен е продолжен престој за учениците од прво до трето одделение.

Денес во училиштето учат 1049 ученици распоредени во 39 паралелки.

Со текот на годините, во нашето училиште се креираа многу успешни личности кои и ден денес се гордост на нашата татковина.

Познато е дека ништо така не воспитува, ништо така не го овозможува учениковиот развој, како што тоа го прави довербата, љубовта кон работата и почитувањето на личноста на ученикот - наставниот кадар во ООУ „Гоце Делчев“ го практикува тоа.

logo.jpg

Навигација

Контакт

ул.9 бр.179. Општина Илинден, РСМ

+389022573347

  • Facebook

МОН

271753624_300433362130933_2251738113067694647_n.jpg

© 2025. Design by Creatista.mk

526cb778-37e5-41c6-a7a6-58f9fcc420bd1.jpg

еТвининг

“еTwinning училиште - 2025/26 година“

Нашето училиште со особена гордост објавува дека е дел од само 25 еTwinning училишта за 2025/26 година. Ова признание е потврда за нашата континуирана посветеност на квалитетна настава, современи пристапи и европски вредности во образованието. Голема благодарност им упатуваме на наставниците кои несебично вложија труд и креативност, како и на сите оние ученици кои оставија силен печат во развојот на оваа иницијатива и секогаш ќе останат важен дел од eTwinning приказната на нашето училиште.

Овој успех е само почеток – ветуваме дека заедно ќе продолжиме да растеме, учиме и градиме мостови со европски пријатели. Тоа е мотив да збогатуваме наставен процес и отвораме повеќе можности за нашите ученици. Врз ова темелиме нови успеси и гордо ќе ја претставуваме нашата заедница.

bottom of page