top of page

АКТИВНОСТИ

ca10a54e-915f-4208-902b-6c205ca0bcde.jpg

Активности во продолжен престој

Продолжениот престој – место за учење и дружење Продолжениот престој претставува безбедно и поттикнувачко место каде учениците го продлабочуваат своето знаење и ги развиваат своите вештини. Тука децата имаат можност да ја совладаат и утврдат наставната материја преку различни активности и да ја развиваат својата креативност.

Покрај учењето, продолжениот престој е простор за игра, социјализација и дружење. Преку забавни и едукативни игри, учениците учат да соработуваат, да ја почитуваат различноста и да градат пријателства.

happynewyear.png

ВОН НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

“Новогодишен базар“

На 25 декември 2024, во подрачното училиште, се одржа традиционалниот новогодишен базар, кој донесе магија и радост во секој агол. Наставниците поделени по стручни активи заедно со учениците, со многу љубов и креативност изработија разнобојни новогодишни украси, декорации, накит, декоративни цвеќиња и вкусни домашни специјалитети...

veligdenOuGoce.jpg

ВОН НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

“Велигденски базар“

На Велики Четврток, 17.04.2025 година, со голема радост ја одржавме нашата традиционална велигденска работилница. Учениците од прво до четврто одделение, сплотени низ креативната детска фантазија и забавна атмосфера изработуваа велигденски украси, боеја јајца и учеа за значењето на празникот Христово Воскресение.

Ви благодариме на сите ученици, наставници и родители кои придонесоа оваа работилница да биде полна со љубов, радост и празничен дух!

Христос Воскресе!

veligdenOuGoce.jpg

ПРИМЕР

“Пример“

На Велики Четврток, 17.04.2025 година, со голема радост ја одржавме нашата традиционална велигденска работилница. Учениците од прво до четврто одделение, сплотени низ креативната детска фантазија и забавна атмосфера изработуваа велигденски украси, боеја јајца и учеа за значењето на празникот Христово Воскресение.

Ви благодариме на сите ученици, наставници и родители кои придонесоа оваа работилница да биде полна со љубов, радост и празничен дух!

Христос Воскресе!

logo.jpg

Навигација

Контакт

ул.9 бр.179. Општина Илинден, РСМ

+389022573347

  • Facebook

МОН

271753624_300433362130933_2251738113067694647_n.jpg

© 2025. Design by Creatista.mk

526cb778-37e5-41c6-a7a6-58f9fcc420bd1.jpg

еТвининг

“еTwinning училиште - 2025/26 година“

Нашето училиште со особена гордост објавува дека е дел од само 25 еTwinning училишта за 2025/26 година. Ова признание е потврда за нашата континуирана посветеност на квалитетна настава, современи пристапи и европски вредности во образованието. Голема благодарност им упатуваме на наставниците кои несебично вложија труд и креативност, како и на сите оние ученици кои оставија силен печат во развојот на оваа иницијатива и секогаш ќе останат важен дел од eTwinning приказната на нашето училиште.

Овој успех е само почеток – ветуваме дека заедно ќе продолжиме да растеме, учиме и градиме мостови со европски пријатели. Тоа е мотив да збогатуваме наставен процес и отвораме повеќе можности за нашите ученици. Врз ова темелиме нови успеси и гордо ќе ја претставуваме нашата заедница.

bottom of page