top of page

АКТИВНОСТИ

9550aeb8-e908-4d5d-9453-5c0036b9e0bd.jpg

НАТПРЕВАРИ

“Противпожарна заштита (ППЗ)“

Денес, 14.11.2025 година, во просториите на нашето училиште ООУ „Гоце Делчев“ – Илинден, се одржа општинскиот натпревар по противпожарна заштита за младинци и пионери. Нашето училиште имаше чест да биде домаќин на овој настан, кој се одвиваше во пријатна и мотивирачка атмосфера, со учество на ученици од сите училишта во општината.
Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ постигнаа исклучителен успех и уште еднаш ја потврдија својата подготвеност, знаење и тимска работа. Во категоријата младинци, тимот составен од Дамјан Мицевски, Леонтин Спасиќ и Давид Бостанџиевски го освои првото место и се пласира на градскиот противпожарен натпревар што ќе се одржи на 18.11.2025 година во просториите на Црвениот крст „Даре Џамбаз“. Во категоријата пионери, тимот во состав Василиј Ивановски, Сара Филиповска и Моника Петровска го освои третото место, покажувајќи одлично знаење и ентузијазам.
Горди сме на нашите ученици за постигнатите резултати и им посакуваме уште поголем успех на претстојните натпревари.

logo.jpg

Навигација

Контакт

ул.9 бр.179. Општина Илинден, РСМ

+389022573347

  • Facebook

МОН

271753624_300433362130933_2251738113067694647_n.jpg

© 2025. Design by Creatista.mk

526cb778-37e5-41c6-a7a6-58f9fcc420bd1.jpg

еТвининг

“еTwinning училиште - 2025/26 година“

Нашето училиште со особена гордост објавува дека е дел од само 25 еTwinning училишта за 2025/26 година. Ова признание е потврда за нашата континуирана посветеност на квалитетна настава, современи пристапи и европски вредности во образованието. Голема благодарност им упатуваме на наставниците кои несебично вложија труд и креативност, како и на сите оние ученици кои оставија силен печат во развојот на оваа иницијатива и секогаш ќе останат важен дел од eTwinning приказната на нашето училиште.

Овој успех е само почеток – ветуваме дека заедно ќе продолжиме да растеме, учиме и градиме мостови со европски пријатели. Тоа е мотив да збогатуваме наставен процес и отвораме повеќе можности за нашите ученици. Врз ова темелиме нови успеси и гордо ќе ја претставуваме нашата заедница.

bottom of page