top of page

АКТИВНОСТИ

589149211_1412274197268628_2697302334200178021_n.jpg

ЦРВЕН КРСТ

„Превенција од болести на зависности“

Во текот на вчерашниот ден, во нашето училиште се одржа предавање на тема „Превенција од болести на зависности“, организирано од Црвениот крст, наменето за учениците од VIII и IX одделение.

Преку интерактивна презентација и корисни совети, учениците се запознаа со различните видови на зависности, нивното штетно влијание и начините за нивна превенција.

Активноста е дел од континуираната соработка на нашето училиште со Црвениот крст и придонесува кон унапредување на здравите животни навики и безбедно однесување кај младите.

viber_image_2025-05-05_15-30-41-117.jpg

"Палачинка со мисија"
Хуманитарна акција што започнува денес!

Ве покануваме да бидете дел од хуманитарната акција „Палачинка со мисија“, која се одржува од 5 до 12 мај 2025 година на Маринското игралиште (кај Сакаш, населба Илинден)! 🥞

Овој настан е дел од ПХВ проект што го реализира ООУ „Гоце Делчев“ н.Илинден во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, општинска организација Гази Баба. Во текот на овие денови ќе се одржуваат интересни активности организирани од волонтерите на Црвениот крст – дојдете, дружете се и поддржете ја иницијативата!

„Вкус што инспирира, мисија што значи!“
Заедно можеме повеќе! 🔴✨

bottom of page